На британскиот Channel Five, од скоро се емитува нов документарец – „OAP’s Behaving Badly“, кој следи група пензионери што одлучиле да ја потрошат целата заштеда на журкање. Ако мораме да ги споредиме, би ги споредиле со тинејџери, само со повеќе искуство.
Еден од омилените ноќни клубови за пензионерите е оној на Тенерифе, наречен „Божја чекална“, а сопственикот на клубот Марк Крејг е сосема искрен кога вели: „Имаме гости од 15-60-годишна возраст, а ви велам, прилично се напалени кога малку ќе се напијат“.
Гордон (74) и Мери Стил (70) го споделуваат нивното мото „журкај се додека те држат нозете“, а госпоѓата објаснува: „Ова се нашите златни години, цел живот напорно работевме и се погриживме за нашите деца. Мислам дека е крајно време да се погрижиме малку и за себе“.
Групата ветерани во журкање добива целосна подршка од нивните „деца“, иако тие не можат да се воздржат а да не признаат дека нивните родители се однесуваат како неизживеани тинејџери.
Госпоѓа Стил не само што не е засегната, туку таа смета дека тоа требало да го направат уште порано: „Можеби предоцна сфативме дека парите не можат да го купат потрошеното време, но ќе направиме се за да го искористиме секој момент кој ни преостанува за забава“.