Глампинг – спој на гламур и кампување

Во Франција се појави нов вид на туризам, познат под терминот глампинг. Станува збор за удобно кампување во природа, наменето за богатите.

Концептот е сличен како сафари искуството кое е наменето за богатите посетители во Азија и Африка, во луксузни шатори или куќарки на дрва. Наместо вреќи за спиење и конзерви, тие се наоѓаат во раскошни кревети, а удобноста може да се спореди со онаа во луксузните хотели.

Овој тренд се појави пред 10-на години во Велика Британија, но од неодамна и Франција го прифати овој вид на туризам со цел да ги привлече богатите туристи.

Брачна двојка од француската област Бретања, кој има над 72 хектари земја и прекрасна градина, има и пет големи и комфорни шатори кои можат да соберат дури и шестмина во нив.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

Шаторите се опремени како хотели со 4 ѕвезди, постелнината е свилена, кебињата волнени, со скап мебел и пријатен простор за дневно уживање, кујна и тоалети со туш-кабини.

„Нема топла вода, ниту струја, но тука е топлата постелнина и пријатното чувство на престој во природа“, изјавил еден турист кој додал дека „глампингот“ е популарен и во Холандија.

Ноќевање во луксузен шатор чини 100 евра. Туристите обично јадат домашна храна која им ја приготвуваат сопствениците на имотот.

glamping-tent-paws-up 317521_408257722573290_2125659515_n 1438580475404514ef1c10541676490_v4 big 4499949654045162ba034649943657_v4 big 11673225045404514d5dac7533692998_orig camping-tents

- Реклама -