Гладно момче нарачало пица во полиција

Едно момче од Флорида било толку гладно што се јавило во полиција и нарачало пица. Набрзо добило повеќе отколку што очекувало.

5-годишниот Мануел Бешара, минатата недела се јавил на 911 и му кажал на диспечерот дека е многу гладен и дека сака да нарача пица. Полицајците биле испратени на адресата на детето бидејќи морале да проверат за што станува збор.

Во домот го затекнале Мануел и неговата 15-годишна постара сестра која им кажала дека е добро и дека детето телефонирало без нејзино знаење.

Полицајците ја искористиле приликата за да му објаснат на детето во кои ситуации треба да се јави на 911 пред да нарачаат голема пица и лично да му ја достават.

Приказната, полицијата ја споделила на нивниот официјален Фејсбук профил, со хаштагот #pleasedontcall911fordelivery.

- Реклама -