Град проголтан од пустината Намиб

КолманскопНа само неколку километри од брегот на Атлантскиот Океан, во пустината Намиб во јужниот дел на Намибија, се наоѓа Колманскоп, град на духови. Последните жители на овој град го напуштиле пред околу 55 години. За време на неговиот зенит, Колманскоп бил жив град во кој живееле над 1000 луѓе.

На само неколку километри од брегот на Атлантскиот Океан, во пустината Намиб во јужниот дел на Намибија, се наоѓа Колманскоп, град на духови. Последните жители на овој град го напуштиле пред околу 55 години. За време на неговиот зенит, Колманскоп бил жив град во кој живееле над 1000 луѓе.

Колманскоп

Голем дел од жителите на овој град биле работници, од кои секој со себе понел дел од својата култура. По напуштањето, пустинските песоци полека ги проголтуваат остатоците од градот.

Колманскоп
Колманскоп

Историјата на овој град започнува во 1908 година, додека Намибија сè уште била под германска контрола, кога Закаријас Левала, работник од железницата, пронашол дијамант додека го чистел песокот од шините. Набрзо потоа, регионот бил погоден од дијамантска треска. Слично како златната треска во Калифорнија во средината на деветнаесетиот век, и овој пат ловците на богатство биле привлечени од приказните за големиот број на дијаманти. Според приказните, во регионот имало толку многу дијаманти што истите биле расфрлани по површината на земјата.

Колманскоп
Колманскоп

До крајот на 1914 година, биле ископани пет милиони карати, односно околу 1000 килограми. Колманскопт бил резултат на оваа дијамантска треска. Градот бил изграден во германски стил, и располагал со раскош каков што би се очекувало од толку богат регион. Училишта, болници, сали за балови, базен, па дури и сала за спорт сличен на куглање биле изградени за да им се овозможи удобен престој на посетителите.

Колманскоп
Колманскоп

Областа била толку важна што тука била донесена првата рентген машина на јужната хемисфера. Но, за жал сè што создал човекот не било доволно за да се направи пустината Намиб попристојна за живот. Водата била реткост, па водата за пиење или била носена со цевки од извор оддалечен 100 километри или била транспортирана во буриња од Кејптаун во Јужна Африка. Мраз бил доставуван секојдневно до секој дом, со помош на железнички вагон влечен од коњи.

Колманскоп
Колманскоп

И покрај тешкотиите, луѓето од Колманскоп живееле живот на висока нога, со шампањ и најквалитетни пури додека сè уште имало дијаманти. По Првата Светска Војна, која донела со себе и пад на цената на дијамантите, славата на Колманскоп почнала да опаѓа. Во 1926, на југ биле пронајдени побогати полиња со дијаманти, и населението се преселило за да ги има заработка. Поради тешкотиите за донесување вода и намирници, и со сè помали количини на дијаманти, градот бил целосно напуштен во 1954 година.

Колманскоп
Колманскоп

Со текот на годините, куќите биле заштитени од сувата пустина и минималното присуство на животни и растенија. Единствените деструктивни елементи биле песокот и ветрот кои започнале да го покриваат градот. Во 1980 година, компанијата De Beers, во чија сопственост било замјиштето на кое се наоѓа градот, почнале да реставрираат некои од куќите и да одржуваат туристички прошетки низ градот, но најголема популарност имаат оние куќи кои се оставени полузакопани во песок. Остатоците од градот создаваат морничаво убава слика заедно со дините кои се шират во секоја насока.

Колманскоп
Колманскоп
- Реклама -