„Настанот ќе започне во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а потоа ќе продолжи со Огнен Здравковски. По него следуваат Дина Јашари, легендарните „Куку леле“ и неповторливата Тамара Тодевска. Кулминацијата ќе ја донесат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го обележи настапот на Каролина Гочева“, изјави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
„Почитувани скопјани, доста беше мрак. Време е за заедништво и радост. Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, да обединува и да биде лидер во културните настани“, напомена Ѓорѓиевски во својата објава.
Тој истакна дека сите се добредојдени да бидат дел од новогодишната приказна на Скопје.
„Создадовме програма со домашни изведувачи, омилени на публиката, која ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот полн убавини – за повторно да живее, да пулсира и да сонува. Ве поканувам, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава. Се гледаме!“, се нагласува во статусот на Ѓорѓиевски на Фејсбук.




