Новак Ѓоковиќ и на гала вечерата беше главен забавувач

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана доследен на себе и на хуманитарната гала вечера што ја организираше во Лондон се покажа како вистински домаќин и шоумен.

На гала вечерата биле собрани 1,2 милиони долари за загрозените деца ширум светот. Меѓу славните гости беа Наоми Кемпбел, Кејт Хадсон, Голди Хоун, Жерард Батлер…

Во самата сала каде што биле одржани вечерата и аукцијата бил поставен импровизиран терен, па познатите покажале како се снаоѓаат во улога на тенисери.

Ноле не ја пропуштил приликата да покаже дека е врвен имитатор,па сервирал како неговите колешки.

Меѓу гостите беше и гитаристот на Ролинг Стоунс, Рони Вуд кој ја подари неговата гитара на аукција, која на крај заврши во сопственост на Ноле.

Погледнете како се забавуваше светскиот џет сет на вечерата кај Ноле

- Реклама -