Ѓоковиќ: “До моите ривали, помлад сум од било кога!”

Новак Ѓоковиќ успеа да дојде до победа и во третата рунда на Отвореното првенство во Њујорк, совладувајќи го Камерон Нори за влез во осминафиналето.

Српскиот тенисер кој на овој турнир дојде со намера да го освој својот 25-ти Гренд Слем турнир, славеше со 3:1 или 6-4, 6(4)-7(7), 6-2, 6-3 во сетови.

Извор: https://x.com/DjokerNole
Откако во вториот сет се водеше лавовска борба за секој поен, сепак Ноле кој го изгуби вториот сет, се врати доминантен во наредните два. После победата тој се пошегува пред камерите: “Јас сум посвеж од било кога. До моите ривали кои гледаат, јас сум помлад од било кога”.

Со оваа победа Ѓоковиќ продолжува да ги брои историските статистики и рекорди. Сега тој е лидер во победите на терените со тврда подолга со 192 победи, пред легендарниот тенисер Рожер Федерер со 191.