Пејачот и композитор од Пробиштип, Глоријан, ја напиша музиката за новиот македонски порнофилм "Жена ми Мира пак мастурбира". На повеќе следи интервју со него, преземено од Вест.
Пејачот и композитор од Пробиштип, Глоријан, ја напиша музиката за новиот македонски порнофилм "Жена ми Мира пак мастурбира".
Додека главниот лик Драги Христов-Шпага е во секси акција со Рада и докторката Куропримакова, во заднина одат љубовните стихови на кантавторот од Пробиштип: "Ти ми, душо, даде таа ноќ, дојди, душо, гола таква јас те сакам, чувствувам дека си моја ти, ко сонот нежен знај, ти ме опиваш …"
– Моите песни се љубовни, а во нив има блага еротика – вели Глоријан.
– Жените ги сфаќам како волшепство на Земјината топка. Во нив има некој магнетизам, некоја енергија. Мразам лигавење, песните што ги пишувам се природни како мене. Јас сум уметничка душа и не сакам во ништо да претерувам – вели Глориан.
Тој има напишано преку 1.500 песни. Љубовните и еротски стихови ги забележал продуцентот на филмот Горан Милиќ од секси шопот и продукција "Валијант" и, со дозвола на Глоријан, ги искористил за филмот. Тој ги вика своите песни злато.
Слушнете дел од големиот музички опус на Глоријан во аудио галеријата на 365.com.mk