Мажите се чувствуваат инстантно опуштени кога ќе видат зготвено црвено месо. Ова е заклучокот до кој дошле истражувачите од МекГил Универзитетот во Канада преку нивната студија која опфатила 82 мажи. Зготвеното црвено месо значително го намалило нивото на агресија кај испитаниците.

Истражувачите, поради историскиот контекст на ривалство помеѓу ловци, на почетокот очекувале дека месото ќе ја зголеми агресијата помеѓу учесниците во студијата. Но, со помош на стандардни техники за мерење на агресија тие откриле дека глетката на зготвено црвено месо го имало спротивниот ефект. Според научниците, корените на овој ефект можат да бидат најдени кај раните луѓе кои би се чувствувале опуштено додека јаделе опкружени од семејството.
Еден од научниците, Френк Качаноф изјавил: „Бев инспириран од истражувањето на агресијата, според кое самото гледање на предмет кој се асоцира со агресија, како на пример оружје, може да натера некого да се однесува агресивно. Сакав да знам дали можеби ќе реагираме агресивно на одредени стимуланси од нашата околина, не поради асоцијација туку поради вродена претпоставка. Сакав да знам дали месото ќе биде доволно за провоцирање на агресивно однесување.“
Тој додал и: „Во поглед на однесувањето, сега кога подобро ќе размислам, логично би било дека нашите претци ќе бидат смирени, бидејќи за време на оброкот тие би биле опкружени од семејството и пријателите.“ [McGill University]