Гласовни команди за полесно користење на вашиот Android телефон (видео)

гаџетиКога неколку компании активно се натпреваруваат за првото место на пазарот, секогаш потрошувачот е оној што добива најмногу. Во полето на технологијата, Google во последно време навистина успешно се пробива во секоја гранка. Најинтересната, а според многумина и најкорисната опција на Android 2.2 телефоните е Google Voice Actions, преку која можете да праќате гласовни наредби за да управувате со софтверот, што многу ги олеснува работите.

google_voice_actions_480Кога неколку компании активно се натпреваруваат за првото место на пазарот, секогаш потрошувачот е оној што добива најмногу. Во полето на технологијата, Google во последно време навистина успешно се пробива во секоја гранка. Најинтересната, а според многумина и најкорисната опција на Android 2.2 телефоните е Google Voice Actions, преку која можете да праќате гласовни наредби за да управувате со софтверот, што многу ги олеснува работите.

Сè што може да се направи со кликање, може да се активира и со зборови. Тоа е начинот на кој функционираат Google Voice Actions. Можете да барате насока од точка А до точка Б, да свртите на некој пријател од именикот, или да ја отворите апликацијата за музика и директно да пуштите песна со едноставно изговарање на нејзиниот наслов или изведувач.

За да се јавите ја отварате апликацијата преку менито и кликате на копчето за микрофон. Ако на пример изговорите Call Martin ќе ги добиете сите контакти со името Мартин и нивните броеви. Работи и со презиме.

Други карактеристики на Google Voice Actions се: Инстант посетување на веб-страници, местење на аларми, пристапување до апликации, чување на забелешки, праќање смс итн.

Дури и Google Talk работи на овој принцип, така да не секогаш морате да пишувате преку тастатурата. Едноставно кажано, Google Voice Actions ефективно го претвораат вашиот мобилен телефон во направа за диктирање.
{youtube}gGbYVvU0Z5s{/youtube}
Моментално гласовните команди од Гугл работат само на Android Froyo 2.2 оперативниот систем и англиски јазик. [Повеќе за Voice Actions]

Апдејт: Благодарение на коментарите подолу, оние што немаат 2.2 оперативен систем можат да го пробаат Vlingo – извонредна бесплатна апликација за гласовни команди.

Интересни реклами за Google Voice Actions
Foosball
{youtube}8ZIj5D7OTfA{/youtube}
Sink
{youtube}WJWh9CPCP6c{/youtube}
Ice Cream
{youtube}IGs6ZcezT40{/youtube}
- Реклама -