Гинко билоба е еден од најпродаваните природни додатоци во светот кој се рекламира како ефективен лек за подобрување на меморијата и концентрацијата. Но неодамнешните студии покажаа дека освен што гинкото не ги подобрува когнитивните способности, тоа може да биде и опасно за некои луѓе.

Истражувањата покажаа дека гинкото не ја подобрува меморијата, ниту го забавува ослабувањето на когнитивните способности кај постарите здрави луѓе. Студијата ги спореди ефектите од гинкото наспроти ониe од плацебо врз група од 3.019 испитаници на возраст од 72-86 години. Резулатите покажале дека нема никаква разлика во когнитивните функции кај испитаниците кои земале гинко и оние кои кои земале плацебо.
Исто така, се покажало дека кај луѓето со епилепсија кои во некој облик земаат Гинко билоба има зголемен ризик од добивање епилептични напади. Според податоците од истражувањето, супстанцата позната како ginkgotoxin ги менува хемиските сигнали во мозокот и тоа така што може да предизвика епилептичен напад. Се покажа дека гинкото може и да ја ослаби ефикасноста на лековите против епилептични напади, а се утврди дека оваа билка може да има штетно дејство и кај потполно здрави луѓе. [Gingko Biloba and other ‘Natural’ Remedies May Be Dangerous]