″Герила Маркетинг и Продажба – со минимален буџет до максимален профит″ во живо со Jay C. Levinson

dsc_0051p.jpg Jay C. Levinson е човекот за кој со децении пишуваат најпознатите
светски медиуми, човекот кој Los Angeles Times го нарече
"Најверодостоен ресурс за современите маркетиншки и продажни тајни".
Тој е човекот кој го освои светот со едноставност и иновативност.
Благодарејки на герила пристапот во продажбата и маркетингот голем број
на компании остварија максимален профит и го зајакнаа брендот со
минимални инвестиции и мали трошоци.



Ексклузивно во Скопје:

Конференција – ″Герила Маркетинг и Продажба – со минимален буџет до максимален профит″ во живо со Jay C. Levinson, таткото на герила-маркетингот

dsc_0051.jpgJay C. Levinson е човекот за кој со децении пишуваат најпознатите светски медиуми, човекот кој Los Angeles Times го нарече "Најверодостоен ресурс за современите маркетиншки и продажни тајни". Тој е човекот кој го освои светот со едноставност и иновативност. Благодарејки на герила пристапот во продажбата и маркетингот голем број на компании остварија максимален профит и го зајакнаа брендот со минимални инвестиции и мали трошоци.

Неговиот герила пристап е неверојатно функционален и докажан кај врвни компании како: Marlboro, Visa, Fiat, Johnson Communications и многу други.

Jay е автор на повеќе книги од герила серијалот продадени во над 20 милиони копии и преведени на 54 јазици. За неговите книги, бројни бизнис магазини и литературни критичари констатираа дека секој кој сака да успее во денешниот нагласено конкурентен пазар мора да ја има на своите полици.

Токму оваа жива легенда ќе биде гостин на конференцијата  на 28 ноември во х. Александар Палас во организација на специјализираниот тренинг центар Triple S Learning. Тоа е бизнис настан кои ги открива најновите бизнис трендови, начините за профитирање со едноставни тајни “оружја“ и алатки, како да влијаете на профитот, а не тој на вас…и многу повеќе.

Станува збор за одговори кои можат да се чујат само на едно место преку практични примери и компаративни решенија. Присуството на Конференцијата ветува одговори и тајни кои носат пари, прогрес предизвици, иновативност, дружење со македнската бизнис елита…

Организаторот Triple S Learning е првиот специјализиран тренинг центар во областа на услуга, продажба и успех. Тие ја остварува својата Визија за иницирање на промени и развој на компаниите, луѓето и квалитетот на живеење преку дизајнирање на современи тренинг програми и овозможување пристап до знаењето на најзначајни бизнис гуруа во светот.

Triple S Learning е компанија која успешно делува и во Србија, Хрватска, Словенија каде се вбројува меѓу првите во индустријата на обуки, чии клиенти се најдобрите компании.

Својата решителност за поголеми резултати се согледува и со стратешкото партнерство на Triple S Learning со компанијата од Лондон – Celebrity Speakers Associaties (CSA) како глобална мрежа на спикери со докажан успех во изминативе 25 години.

Со ова партнерство овозможен е пристап до најмаркантните светски личности, реномирани говорници, бизнис гуруа, нобеловци, спортски легенди, HR и CRM експерти. Како што се: Џек Велч, Мајкл Портер, Хелмут Кол, Џими Картер, Хенри Кисинџер, Нил Армстронг, Пјер Луиџи Колина, Боб Гелдоф, Мајкл Овен, бивши претседатели на држави и многу други познати личности.

Оваа конференција што следи: "Герила маркетинг и продажба – со минимален буџет до максимален профит" е токму производ на креативните напори на TSL и CSA за луѓето во Македонија – за оние кои имаат развиен осет за бизнис, кои се во чекор со светскиот прогрес и оние кои сакаат да успеат во модерниоит деловен свет.

За повеќе информации посетете ја: www.gerilamarketing.com.mk

- Реклама -