Генетски инженеринг во домашни услови

Повеќе... Meredeith Patterson е компјутерски програмер дење, додека навечер е биохакер. Таа е дел од новата генерација чие хоби е генетскиот инженеринг во домашни услови.


biohacker-meredith-patterson.jpgMeredeith Patterson е компјутерски програмер дење, додека навечер е биохакер. Таа е дел од новата генерација чие хоби е генетскиот инженеринг во домашни услови.

Користејќи лабараториска опрема од домашно производство и знењето собрано од интернет, овие „модерни франкенштајни“ се трудат да создадат нови форми на живот преку генетски инженеринг – поле кое досега беше строго дел од експертизата на универзитетски професори и научните лабаратории.

Во нејзината кујна во Сан Франциско, на пр., 31-годишната Meredith L. Patterson, развива генетски модифицирана бактерија која се наоѓа во јогуртот што ќе свети зелено за да го сигнализира присуството на меламинот, состојка која го направи кинеското млеко опасно по здравјето.

Критичарите на ова движење се загрижени дека овие аматери еден ден би можеле да бидат одговорни за некаква eколошка или медицинска катастрофа. Од друга страна, Apple компјутерот и пребарувачот Гугл се откритија направени  во гаража. Оние кои застануваат во одбрана на идниот Бил Гејтс на биотехнологијата тврдат дека овие аматери може еден ден да развијат лек за ракот во домашни услови. [Amateurs are trying genetic engineering at home]

- Реклама -