Гејмер платил за да игра на екран од 7500 метри квадратни

гејмерКако да постигнете најстимулирачко ниво на забава со видео игра? Ова е крајната цел на сите љубители на видео игри, и најсилното оружје на производителите на хардвер. Потребите на играчите за побрзи процесори и поголеми монитори стануваат сè поголеми.

Како да постигнете најстимулирачко ниво на забава со видео игра? Ова е крајната цел на сите љубители на видео игри, и најсилното оружје на производителите на хардвер. Потребите на играчите за побрзи процесори и поголеми монитори стануваат сè поголеми.

небесен екран

Ноќта на 21 ноември, 2010 година, видео игра се појавила на небесниот екран во Пекинг. Во 8 часот и 40 минути по локално време, еден човек пристигнал со својот автомобил, седнал на столче под најголемиот LED екран во Азија, го отворил својот лаптоп и се приклучил на бежичниот интернет. Откако се сместил удобно, тој започнал да игра World of Warcraft.

небесен екран

Екранот кој е долг 250 и широк 30 метри има површина од 7500 метри квадратни чини речиси 38 милиони американски долари и е една од знаменитостите на Пекинг. Ова е најголемиот екран во Азија, и втор по големина во светот. Наводно човекот, кој е водач на сојуз во играта и морал да игра на овој екран за да може да надгледува огромна операција. Според одредени извори, за оваа привилегија тој платил некаде околу 15000 американски долари.

небесен екран
Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -