Guinness, ирскиот производител на најдоброто темно пиво, излезе со брилијантен маркетинг потег – чаши со QR код. Најважниот дел од овој потег е фактот што кодот се појавува единствено доколку чашата ја наполните со нивното пиво. Светло пиво нема да ги даде посакуваните резултати…
Откако ќе ја скенирате чашата со својот смартфон, автоматски твитате за пивото, се чекирате на Foursquare, ги каните пријателите да ви се придружат, добивате купони за промоции и уште многу, многу детали кои ќе го направат пиењето Гинис многу позабавно искуство.