Гимнастика во кабинетот на Пендаровски: Израелскиот амбасадор стоеше на една рака (ФОТО)

„Оваа фотографија нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, пишува претседателот Стево Пендаровски на објавената фотографија од израелскиот амбасадор Дан Орјан, кој за време на денешната посета на претседателот во неговата вила на Водно го почестил со импресивно „стој на раце“, односно на една рака.

На средбата Пендаровски и Орјан констатирале дека двете држави во континуитет негуваат блиски пријателски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит, и дека градат плодни економски релации, а изразиле и подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.

Што се однесува до амбасадорот Орјан, тој од свои 10 години вежба гимнастика, а воедно е и инструктор по капоера – бразилска вештина која претставува комбинација од танц и боречка вештина, во која централна улога завзема стоењето на раце. Оттаму израелскиот амбасадор неретко има обичај местата што ги посетува да ги одбележи со некаква гимнастичка вежба. Во Битола, на пример, има направено шпага во вис, на скопскиот плоштад стоел на раце, итн, пренесува „Плусинфо“.

 

- Реклама -