Некогаш врвна гимнастичарка, денес елитна проститутка

Голем скандал во Романија предизвика некогашната успешна гимнастичарка Флореа Леонида, романска репрезентативка, откако беше откриено дека таа сега заработува како елитна проститутка во Германија.

Локален весник објави фотографии на кои се гледа како Флореа Леонида позира во долна облека, предизвикувајќи ги припадниците на машкиот пол да ја минат вечерта со неа. Секако, тоа не им се допадна на нејзините родители.

„Ова е голем срам за нас. Ќе мораме да се преселиме кај наши роднини во Канада, затоа што овде сме веќе ’обележани’ како семејство и тоа поради нашата луда ќерка“изјави нејзиниот татко за локалниот весник.

Флореа Леонида заминала да работи во Улм како фитнес инструктор, но откако западнала во финансиски проблеми решила да се нафати на најстариот занает. Таа во 2003 година со романската гимнастичка репрезентација освои златен медал на Светското првенство во екипна конкуренција.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои
- Реклама -