Емина Јаховиќ успа да ги разнежни сите фанови со само една фотографија.Таа на фотографијата ја наслонила својата глава на рамото на една постара жена (сестра на нејзиниот татко), а нејзиниот коментар и даде уште поголема длабочина на фотографијата.
„Нејзиниот мирис и љубов ме потсетуваат на детството. Нема ништо поискрено и поубаво што може да се почуствува. И кога ќе се доближам до неа и ќе се наслонам на нејзиното рамо, сфаќам колку малку чисти души постојат… Како постара полусестра на мојот татко…која го чувала, се уште е силна и издржлива, нежната моја снегулка Саха! Те сакам!„ напишала Емина.