Ги паметите ли „Тату“? Вака изгледаат Јулија и Лена денес

На крајот на минатиот век светската музичка сцена од ведро небо беше опседната од две тинејџерки од Русија – 14 годишната Јулија и 15-годишната Лена, кои ја уживаа светската слава под името tATu!

Кариерата на двете девојки се разви со брзина на светлината, благодарение на неколку хитови и имиџот на лезбејки кои се заљубени една во друга.

Тие беа млади, изгледаа одлично и нивната музика звучеше модерно, но прецизно изградениот скандалозен стил всушност беше “вистината”, која ги направи познати не само во Европа, туку и во САД, и во целиот свет.

1

„Вистината” не беше точно вистина, како што сите претпоставуваме. Публиката се измори од едноличноста на приказната, која престана да звучи убедливо. Музиката продолжуваше, но, како што се случува кај повеќето сензационалистички изградени ѕвезди, интересот згасна со истиот интензитет како што започна.

Во 2004 година дуото се раздели со дотогашниот менаџер, поради скандалноста. Девојките не биле задоволни поради тоа што Иван Шаповалов не обрнувал внимание на музиката, туку се фокусирал на создавање на скандали околу групата. Ова го забави записот на вториот албум на tATu.

2

Во исто време Јулија забремени со своето прво дете од љубовникот, со кого се раздели набрзо по веста. Во 2007 година. се роди и второто нејзино дете од тогашниот сопруг – бизнисменот Парвиз Јасинов, со кого се разведе во 2010 година.

tATu официјално се распадна во март 2011 година. по третиот албум на англиски и трите албуми на руски јазик. Во официјалното соопштение од менаџментот на групата се наведува конфликт меѓу членовите, како причина за крајот на женската група.

3

И покрај крајот тие соработуваат периодично во текот на сиве овие години, како што беше отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Неодамна Лена го роди своето прво дете. Пејачката е мажена за словенечкиот музичар Саша Кузмановиќ од 2013 година.

И Лена, и Јулија се уште се занимаваат со музика и развиваат соло кариера, иако сепак, барем досега, не успеаа да се доближат до славата на заедничкиот проект tATu, а веројатно така и ќе остане.

- Реклама -