Поради обновената врска со Марк МекДаниел, педофил кој ја злоставувал нејзината најстара ќерка Ан Кардвел, Џун Шанон не ја изгуби само можноста да биде еднаш во неделата на една од најгледаните телевизии.
Ѕвездата на реалното шоу „Хани Бу Бу“ може да ги загуби и своите деца.
Една од организациите за заштите на децата и се заканува со тужба бидејќи смета дека малолетните деца треба да се одвојат од неодговорната мајка која ги доведува во опасност, така што ги изложува во присуство на педофил.
„Бидејќи се во прашање малолетници кои не можат да се бранат во свое име, мораме да ги заштитиме. Децата не смеат да бидат во константна опасност од таков човек“, стои во соопштението на организацијата.
Шоуто „Хани Бу Бу“, започна да се емитува откако нејзината ќерка се прослави на еден од натпреварите за мали мисици. Истото се прикажуваше во Македонија на TLC каналот.