Кристи Лaв (34) отсекогаш ги мразела своите облини, се додека од нив не почнала добро да заработува.
Имено, таа своите клиенти ги масира со огромните гради и заработува многу.
Кристи потекнува од Атланта, иако има квалификација за масерка, постојано била одбивана на разговорите за работа. Дневно сега заработува 1300 долари масирајќи ги мажите со своите гигантски гради и 146 килограми. Некои мажи таквата масажа ги возбудува, а некои дури бараат со градите да ги удира по глава.
„Кога завршив со школувањето, никој не сакаше да ме вработи. Постојано одев на разговори, но секогаш ме прашуваа дали ќе можам долго да стојам на нозе. Мојата големина ја категоризираа како маана, и повеќе никогаш не ми се јавуваа“, вели Крист. Тогаш таа одлучила да пружа масажа од дома, а кога еден муштерија ја прашал дали сака да ја соблече маицата, тука дошла идејата.
„Најпрво бев згрозена о реков дека не давам такви масажи. Се срамев од своето тело бидејќи сум голема. Но, добро размислив и сфатив дека можам да масирам со гардите. Ставив оглас во весник и телефонот започна да ѕвони. Најпрво ми беше многу тешко, па масирав само со изгасено светло“, признава надарената жена.
Колку повеќе комплименти добивала толку подобро се чувствувала и сега го обожува своето тело. Сепак, нејзината фамилија не го одобрува она со што се занимава.