Ги изгубивте фајловите на Google Drive? Еве како да ги вратите

Кон средината на минатиот месец Google објави дека десктоп апликацијата Drive е виновна што одредени корисници имаат проблеми со оваа програма, па дури и ги губат податоците.

Сега е објавено решение за овој проблем и постои начин да ги вратите вашите документи, иако не е толку едноставно како што може да изгледа на прв поглед.

Откако ќе ја преземете и инсталирате најновата верзија на апликацијата Google Drive за Windows или macOS, треба да кликнете на иконата Drive, потоа држете „Shift“ на тастатурата и изберете „Settings“ од менито.

Следното нешто што ви треба е да изберете „Recover from backups“ и ако се е во ред, ќе ја видите пораката „Recovery has start“, а потоа папката „Google Drive recovery“ каде што ќе бидат поставени датотеките што се обновени.

- Реклама -