„Ги избираме потпросечните (како Катица), а тие на најселски начин ги лечат своите провинциски фрустрации“

Фејсбук статус на Атанас Кировски – директор на „Телма“

„Проблемот на ова општество не се само опскурни типови како Боки 13 околу кој се нареди на баци рака цел естаблишмент, и на кого му беше дозволено да води медиум на криминален начин. Поголем проблем е што дузина новинари со кариери и кредибилитет, свесно се ставија во улогата на негови општествени бодигарди за кеш.

Уште поголем проблем е што постојано ги избираме некадарните, и потпросечните да водат институции (Катица) -кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ, се обидуваат на најселски начин да ги ублажат своите провинциски фрустрации, и неизживеаност.

Клучниот проблем е што не функционираат институции и судство. За да функционира рекетот, во орото биле фатени и Основен суд, и Апелација и Врховен….

Конечно, и секако не само заради овој последен пример, епилогот е дека нашите дедовци и татковци ни оставија подобра држава и институции. Ние на нашите деца им оставаме пепел. Ова е колективен срам за нас како генерација….“

- Реклама -