Ги фрлате користените кесички чај?

Лековитите својства на чајот се познати за сите нас, но многумина незнаат дека веќе искористените кесички чај можат да се користат на многу различни начини.

Тука ви претставуваме неколку корисни и здрави начини:

1. Маринирајте го месото

Ако сакате да спречите вашето месо да стане тврдо и еластично, можете да го маринирате со веќе користени кесички чај. Аромата од чајот ќе го збогати вкусот на месото и ќе го направи помеко.

 

2. Ослободете се од црвенилото на очите

Ставете неколку кесички чај во ладна вода и оставете ги да омекнат околу 2 минути. Легнете и ставете ги на вашите очни капаци. Оставете ги да стојат неколку минути. Откога ќе ги тргнете црвенилото ќе исчезне и вашите очи ќе изгледаат помладешки и посвежо.

3. Освежете ги вашите алишта и чевли

Со цел да направите вашата облека да мириса поубаво треба да сместите претходно користени и исушени кесички чај во вашиот плакар. Исто така, можете да ставите една кесичка чај во секој чевел. Ќе помогне да исчезне лошиот мирис за кратко време.

 

4. Исчистете го вашиот дом

Чајот може да исчисти валкани подови, огледала дури и линолеум.

5. Ослободете се од акните и ублажете ги изгорениците од сонце

Во случај да имате акни или изгореници од сонце, кесичките чај ќе ви ја дадат помошта која ви е потребна. Ставете веќе користени кесички чај на оболената област. Кесичките чај ќе ја изладат областа и ќе донесат олеснување. Исто така, ќе помогнат да се ослободите од акните било каде на вашето тело.

6. Намалете ја болката

Во случај да имате рана во усната шуплина, треба да гризнете претходно користена кесичка чај. Состојките од чајот ќе ја ублажи болката и ќе го забрза процесот на заздравување.

- Реклама -