Англискиот фармер Џон Херд нашол специфично решение за справување со крадците на овци – наместо да се обидува да ги спречи, ги бојосал своите овци портокалово.
Во изминатите неколку години, на Џон Херд, чија фарма се наоѓа недалеку од Окхемптон, Девон, му биле украдени околу 200 овци. Крадењето станувало сѐ поголем проблем, па немајќи друг излез, тој се одлучил да го направи единственото нешто што му преостанувало – да ги бојоса сите овци портокалово, со што стануваат видливи од огромна далечина и се разликуваат од сите останати овци на светот.
Тој вели дека една овца просечно чини околу 140 фунти, а со оглед на тоа што неговите овци се шетале слободно по Дартмур, со текот на годините загубил многу пари и му било доста. Затоа ги зел овците и ги потопил во безопасна, органска портокалова боја. Откако се одлучил на ваквиот чекор, Џон Херд нема загубено ниту една овца. [Farmer paints sheep orange to prevent rustling]