Ѓевреци од компир

За четири лица, потребни ви се следниве намирници:

Состојки:

500 г. компир

голем морков

4 зелени маслинки без семки

главица кромид

150 мл. млеко

јајце

лажица путер (околу 20 г.)

малку морско оревче

сол и бибер по вкус

Подготовка:

1 Измијте го компорот и со лушпа варете го во солена вода околу 25 минути, додека не омекне. Во меѓувреме, излупете го морковот и исецкајте го на коцки, иситнете ги маслинките, а кромидот исчистете го исецкајте го на мали парчиња.

1

2. Во тава загрејте путер и кратко пропржете го кромидот. По неколку минути додадете ги морковот, маслинките и 2-4 лажици вода. Тавчето преклопете го и гответе на умерена температура околу 15 минути.

2

3. Исцедете го компирот, малку оладете го, ислупете и испасирајте, додадете го динстаниот зеленчук и промешајте. Во друга чинија изматете јајце и млеко, а потоа измешајте ги во пирето. Зачинете со оревчето, посолете и побиберете.

3

4. Со миксер добро изматете го пирето, малку оладете и сипете во кеса. Тепсијата обложете ја со мрсна хартија, па направете мали гевреци ( внимавајте да не бидат премногу блиску за да не се залепат) и печете во рерна на 200 степени околу 10 минути.

4

- Реклама -