Новинарот Бранко Геровски на Фејсбук напиша дека го интересира мислењето на Стево Пендаровски за изјавата на Заев.
– Ме интересира мислењето на претседателот Пендаровски за изјавата на премиерот Заев за педерот и суетниот новинар, напиша тој.
За потсетување, Заев денеска изјави дека нема да дозволи педер, неколку криминалци и суетен новинар да ја урнат власта. Потоа се извини на Твитер велејќи дека зборот педер го употребил како карактерна особина.
Следеа лавина реакции.