“Се надевам дека со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски, како и со нашиот колега новинар кој е позитивен и е на лекување, се ќе биде во ред. Но, од оваа навистина неславна епизода, луѓето што го водат „шоуто“ навистина треба да извлечат многу сериозна поука“, пишува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо и потсетува дека очигледно не биле, како што вели, почитувани протоколите за ВИП личностите во време на пандемија поради што лидерите на водечките политички партии се во самоизолација.
„ И сега, прашувам, што ќе се случи ако се утврди дека се суспектни и премиерот, некои од министрите, можеби дури и самиот министер за здравство? Кој ќе раководи? Кој ќе биде одговорен?“ – прашува Героски.
Долго време тврдам дека нешто не е во ред со начинот на кој Македонија ја менаџира коронакризата. Под влијание на силната пропаганда дека ние „шампионски“ се справуваме со епидемијата, често сум мета на остри напади поради моите критики. Но еве, нема подобар доказ за тоа што го говорев од фактот што здравствените власти се принудени во рок од 24 часа во принудна изолација да ги пратат двајцата водечки политички лидери во земјата. Простете, но тоа навистина е срамно за Македонија!
Само вие продолжете да трчате по пресови, од едно во друго телевизиско студио, од еден на друг „ивент“ – и немојте ни случајно да носите заштитни маски и заштитни одела. Ах да, не заборавајте и на задолжителните селфија. Блескајте, само блескајте!, пишува Героски.