Героски: Се откажаа ли од Гоце Делчев?

„Оваа година – година во која најжестоко досега се оспорени македонскиот идентитет и самобитноста на македонската нација – на 4 февруари, по повод 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, цвеќе на гробот на револуционерот положи заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски.

Никој од министрите не се осмели да се поклони на гробот на војводата Делчев. Владата испрати заменик министер.

ПВРСМ Зоран Заев напиша статус на Фејсбук.

Не сум проверил дали некој „чествувал“ на Твитер, на Инстаграм или на Телеграм.

Ова неодговорно и безобразно спуштање на нивото на одбележувањето на денот на раѓањето на големиот македонски револуционер јас го разбирам како чекор кој навестува дека владата на РСМ ќе се обиде тивко да го испрати Делчев во заборав.

Не биле ни случајни ни залудни сите оние писанија на нашите локални корифеи на антимакедонизмот, во кои Делчев и другите македонски револуционери беа изложувани на потсмев. Еве, тој дискурс веќе се преточува во официјална државна политика“.

Од колумната на новинарот Бранко Героски за ПЛУСИНФО

- Реклама -