Героски: Единствена константа во политиките на Заев се неговите чести промени на ставовите

Пишува Бранко Героски за „Плусинфо“

Некако, веќе се навикнавме на честите промени на ставовите на другарот Зоран Заев. Во принцип, јас за тоа не му замерувам. Барем не премногу. Го запознав како опозиционер и уште тогаш сфатив дека наспроти неговата често изговарана крилатица „зборот си е збор“, Заев сепак не е политичар со формат да разбере што сакал Черчил да каже кога рекол дека ставот е мала работа што прави голема разлика. Едноставно, на лидерот на СДСМ не му е непријатно да ги менува ставовите, ако тоа му овозможува политички опстанок и придобивки.

Велам, можам да најдам разбирање за таа негова незгодна навика. Во крајна линија, ние луѓето не сме магариња, па да не ги менуваме ставовите. Се менуваат околностите, се случуваат драматични промени во животот, бесмислено е човек упорно да се обидува да урне ѕид со глава. Понекогаш е доблест да се признае и слабост и грешка, да се тргне во друга насока.

А тоа на Заев во овие три години на власт му се случуваше често. Пречесто…

Се сеќавате на преговорите со Грција и на Преспанскиот договор. Во неговата карактеристична поза „зборот си е збор“ – невин поглед и раширена дланка положена врз срцето – Заев ветуваше дека нема да се менува уставното име, дека преговара само за име за надворешна употреба. Па уште оние мелодрамски реплики – додека сум жив, додека дишам… И на крајот, излезе дека нуждата сепак го менува законот. Во крајно неповолни околности, Заев го промени ставот, прифати ново име и за домашна употреба и потпиша… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -