Пишува Бранко Героски за „Плусинфо“
Ја знаете онаа народната – село гори, баба се чешла? Е нашава баба баш и не се чешла, туку се занимава со сериозен бизнис, кој не трпи одлагање и во овие судбоносни мигови за нашата татковина.
Синоќа во Собранието на Република Северна Македонија од Владата на Република Северна Македонија стасал нов предлог-закон. Ако се има предвид фактот дека вниманието на целата јавност сега е насочено кон Европа, кон посакуваната одлука за датум за почеток на преговорите со ЕУ, човек би помислил дека работава мора да е многу итна, а темата претерано важна, штом владата на Заев ноќум испраќа некаков предлог-закон.
И тоа не било каков, туку – со европско знаменце!
А еве што било итното. Насловото на документот е Предлог-закон за контрола на опојни дpoги и псиxoтpoпни супстанци! Владини претставници што ќе го бранат законот се министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Асим Муса. Овој вториов е оној фраерот со поткупот, што поднесе оставка. Јака одбрана! Сицилијанска…
И што е толку итно да се озаконува и да се брани? Што донесува предлог-законот? Веројатно многу паметни нешта, но суштината е да се спаси бизнисот со мapиxyаната, откако другарињата сфатија дека со мacлото од кaнaбиc не им оди баш најдобро. Да не речам, ни за подмачкување. Ако сум добро известен, идејата е сега кaнaбиcoт да се продавал во цвет. Можеби така ги подучил Биг Мајк. Кој да ги знае… Целата колумна ТУКА.