Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД може да има последователно негативен ефект врз германската автомобилска индустрија, коментираа шефот на Volkswagen, Матијас Милер и VDA – асоцијацијата на локалните производители.
Републиканскиот кандидат, кој изненадувачки ги освои гласовите на нацијата, за време на кампањата се закани дека ќе стави царина за увозот на автомобили од Мексико, за да се заштити американската индустрија. Volkswagеn има двe мексикански фабрики, BMW во моментов гради својот енергетски гигант, а интересно е дека фабрики на мексиканско тло имаат исто американските гиганти GM (4), Chrysler и Ford (по 3), како и Nissan и Honda, што значи дека место за загриженост треба да има не само кај германските, туку и кај американските и јапонските производители. „Факт е дека под водство на новиот претседател, САД ќе се фокусираат главно на сопствената економија, за сметка на меѓународните трговски текови и односи“, се вели во соопштението на VDA, цитирано од Automotive News. Акциите на европските производители загубија во просек 2,6 од вредноста по изборните резултати.
Во моментов во Мексико се произведуваат една шестина од сите автомобили за северноамериканскиот пазар, но при изградба на сите капацитети во земјата тоа ќе достигне до една четвртина до 2020. Трамп ова го изјави како одговор на одлуката на Ford да ги премести линиите за сите компактни модели јужно од границата на САД. Инвестицијата на BMW во мексиканскиот фабрика во Сан Луис Потоси е вкупно 2,2 милијарди долари. Audi пак буквално пред еден месец отвори своја фабрика во Сан Хозе Чиапа, во вредност од 1,3 милијарди долари. Daimler планира во 2018 да започне да составува автомобили Mercedes во новиот мексикански погон (заедничко вложување со Renault-Nissan) во вредност од една милијарда долари.