Германскиот VW покажа експериментален електромобил

Компанијата Volkswagen покажа експериментален електромобил, кој  ќе го носи името Gen.E. Прототипот дава идеја за идните модели на германската марка, вклучувајки ја и следната генерација на бестселерот Golf. Премиерата на возилото ќе се одржи на 12 септември во Франкфурт.

Автомобилот претставува хечбек со 3 врати и 4 места. Вратите се во стил на „крилја на галеб”, односно се отвораат нагоре. Машината има LED дневни светла, кои се целосно во стилот на електричниот Golf. Во основата на Volkswagen Gen.E е вметната „иновативна лесна архитектура”, која обезбедува максимална безбедност на возилото при судир. Во предниот дел се поставени сензори и радари, а под ветробранското стакло има камера. Машината е опремена со систем за автономно движење.

Батериите на електрообила ќе можат да се полнат на посебни станици, како и од стандардната електрична мрежа. Детали за агрегатот и за капацитетот на акумулаторите не се објавени, но е познато дека со едно полнење автомобилот ќе може да помине околу 400 километри.

Автоплус

- Реклама -