Германскиот еврокомесар го обвини за бегалската криза, великодушниот систем за азил на неговата земја, опишувајќи го како магнет и повика истиот да биде променет.
Гинтер Јотингер рече дека единствениот начин за намалување на бројот на бегалци во земјата е да се отстранат поволностите што ги нуди сегашниот систем.
“Германските закони за азил делуваат како магнет за бегалците. За промената на законот за азил ќе треба да се направат промени во уставот. Додека на тоа не се обрнува многу внимание, тоа ќе има само една алтернатива: милијарди помош за бегалските кампови во Турција и другите земји “, рече комесарот за дигиталната економија и општество.
ЕУ може да помогне со финансирање во “ограничен износ “, бидејќи буџетските правила не дозволуваат да направат повеќе, додава тој.
“Нам ни е потребна посилна заштита на границите во Европа. Потребни ни се не 500, туку 5000 граничари “, рече тој.