Германскиот министер за надворешни работи – Хајко Мас, предупреди на опacностите од прераното реотворање на туристичките дестинации. Според него, Европа треба да се сложи на заеднички пат назад кон слободата на патувањето.
„Европската трка за тоа кој прв ќе ги отвори туристичките патувања ќе доведе до неприфатливи ризици“, изјави Мас за германскиот неделник „Bild am Sonntag“.
Мас алудираше на високата стапка на инфeкција во австрискиот ски ресорт Ишгл, каде, се смета, многу германски туристи беа заpaзени.
„Веќе видовме што може кластер на заpaзени во популарно место за одмор да направи за домашните земји на туристите. Ова не смее да се повтори“, вели Мас.
Се смета дека стотици туристи од повеќе земји, меѓу кои Германија, Норвешка и Исланд, се заpaзија во Ишгл – кој се наоѓа во близина на тромеѓето меѓу Австрија, Швајцарија и Италија, и е познат по журките.
Локалните власти се обвинети дека премногу бавно реагирале, откако стана јасно дека вирусот виреел во ски баровите во Ишгл цел месец пред ресортот да биде ставен во карантин на 13 март.
Австриските власти, од друга страна, неделава ги укинаа карантините во три од најпопуларните ски центри во земјата, вклучително и Ишгл. Рестрикциите беа укинати неколку денови пред официјално да истече рокот. Земјата, притоа, најави постепено рестартирање на туризмот, со тоа што на почеток ќе дозволи влез за германските туристи, наместо целосен рестарт за сите граѓани од ЕУ.
Мас пивика Европа да изготви заеднички критериум за враќање на слободата на патување „најбрзо што се може, но и најдоговорно што се може“.
„Не смееме да дозволиме тешко извојуваните успеси од последните неколку недели да бидат уништени“, рече Мас, кој најави дека во спротивно, забраните за патувања би можеле да останат во сила многу подолго.