Германскиот министер за Европа отворено го поддржа Димитров и коалицијата „Можеме“: Тој е посветен Европеец и има прекрасна смисла за хумор (ВИДЕО)

Германскиот министер за Европа – Михаил Рот, преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров – носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.

„Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија.

Прочитајте и:  Кузеска: Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите?

Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија“, повика државниот министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија – Германија.

- Реклама -