Германски војник му помага на дете да помине преку Берлинскиот ѕид (фото)

На фотографијата гледате војник од Источна Германија како му помага на мало момче да го помине новопоставениот Берлински ѕид на истиот ден кога беше изграден. Војникот е очигледно млад, а во очите му е очигледен стравот и претпазливоста. А сепак, не отстапува да помогне.

Иако наредбите од источногерманската влада гласеа никој да не биде пуштен да влезе во Источен Берлин, војникот му помага на момчето да се протне низ бодликавата жица. Според извештаите, офицерот го фатил војникот на дело, и подоцна го отстранил од единицата. Понатаму не се знае, нас ни останува само да се надеваме дека казната била минимална.

А како завршило ова момче на спротивната страна од ѕидот од неговото семејство? Според музејот Checkpoint Charlie во Берлин, таткото на момчето бил со него во Западна Германија во посета на роднини, додека остатокот од семејството на момчето останало на Истокот. Забраната за преминување сектори стапила во сила преку ноќ, па семејството останало разделено. Таткото, верувајќи дека момчето треба да порасне со својата мајка, го испратил до оградата, каде војникот на крајот го кренал во раце за да го префли од другата страна.

 

- Реклама -