Германски ресторан кој се наоѓа на остров во Балтичкото Море забрани родителите да ги носат децата таму по 17 часот.
Во конкретниот ресторан во тој период доаѓаат сериозни и редовни гости, а децата ги вознемирувале, се однесувале непристојно и го оштетувале мебелот.
Токму затоа, ресторанот решил да воведе одредени рестрикции.
Иако оваа одлука предизвика бурни реакции во Германија, според претседателот на Сојузот на хотели и ресторани во Мекленбург, секој хотел и ресторан има право да состави правила според нивната политика на менаџирање.