Хирурзите од една болница во Бремен, Германија ја извршија првата во светот операција со помош на iPad и технологијата со дополнета реалност. Пациентот е болен од рак на желудникот.
Слична операција сама по себе е доволно комплексна, а користењето на iPad ја прави уникатна. Тимот од хирурзи на чело со Карл Олдхафер употребиле посебна апликација за таблетот кој им овозможува на лекарите да го видат туморот во режим на надополнета реалност.
Со помош на таблетот хирурзите исто така правеле фотографии, ги набљудувале податоци за состојбата на пациентот и извршувале други активности за време на операцијата.
Иновативната апликација Mobile Liver Explorer која била искористена од лекарите, е дело на бременската компанија Fraunhofer MEVIS.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk