Германски експерти од Федералната криминалистика (BKA) пристигнуваат деновиве за да ја помогнат истрагата за трагедијата во Тетово

„Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи, за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово“, соопштија денеска од Владата.

Како што прецизираат од „Илинденска“ бр. 2, станува збор за експертски тим од Бундескриминаламт (Bundeskriminalamt) односно Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html), чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи.

Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7000 вработени, потенцираат од Владата.

Тимот германски експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води Основното јавно обвинителство, додаваат од Владата.

- Реклама -