Германската влада донесе закон што нема да им се допадне на дел од мигрантите

Германската влада денеска соопшти дека е донесена одлука според која лицата на кои (ќе) им е одобрено барањето за азил ќе бидат обврзани во првите три години од престојот во Германија да живеат таму каде што ќе им одредат властите.

„Одредувањето на местото на живеење ќе ги растовари големите градски средини и праведно ќе го распореди населението по поретко населените делови на земјата“, објасни претседателот на Агенцијата за домување – Аксел Гедашко. Според него, оваа мерка е и добар „демографски механизам“ насочен против недостатокот од население во одредени делови од земјата.

Владата соопшти и дека мерката е насочена и против сегрегацијата на бегалците, кои често доаѓаат од иста култура и исти етнички кругови.

 

Со оваа одлука, мерката која беше привремено воведена на почетокот на бегалскиот бран во 2015/2016-та, кога Германија прими околу милион бегалци, станува трајна. Бегалците по доаѓањето беа распоредувани во колективно сместување, а по одлуките за барањата за азил им беше доделувано сместување во социјални станови.

Партијата на Зелените, пак, ја критикува одлуката на демохристијанската-социјалдемократска влада, тврдејќи дека се работи за мерка која е „стигматизирачка“ и ограничува правото на движење, со што се крши Женевската конвенција.

- Реклама -