Германска салата од компир

Салата, која што може да биде прилог, вечера или меѓуоброк.
Состојки:

1 кг компир

500 г. исецкана сланина

1 најсецкана главица лук

2 лажици сенф

6 лажици јаболков оцет

1/4 лажички бибер
Подготовка:

Измијте го компирот и исечете го на парчиња, заедно со кората. Варете го во врела посолена вода, 10 до 15 минути. Исцедете го и пуштете го да отстои на страна.

Загрејте големо тавче и пржете ја сланината додека не стане крцкава. Сланината повлечете ја од тавата, но оставете ја маста која што останала. На неа динстајте лук 2 до 3 минути. Додадете сенф, оцет и бибер. На крајот додадете ја сланината.

Пред да ја послужете добро промешајте ја салатата.

- Реклама -