Германка заљубена во авион: Сакам да се земеме и да живееме во хангар

Мишел Кобке од Германија тврди дека е во врска со патнички авион Boeing 737-800. Го вика Schatz (во превод: срцка). Се запознале, вели, пред 5 години, на аеродром.

Било тоа љубов на прв поглед, а првото што ја привлекло кај Срцка биле крилата. Кога нејзините родители дознале за нејзината љубов, биле пријатно изненадени, вели Кобке.

Таа секоја вечер спие со авионот, поточно со 1.6-метарска макета од моделот. Го опишува како своја прва љубов и најдрага врска, а е решена и да се омажи за него. Да, Кобке претходно излегувала и со мажи, последен пат во 2011-та година, но „никогаш не почувствувала љубов пред да го запознае Schatz“ на тој прекрасен ден на берлинскиот аеродром Tegel.

Сепак, љубовта знае и да боли, а на Кобке посебно тешко ѝ паѓа што врската им е на далечина. Едноставно таква му е работата на Schatz, да лета околу светот.

На друштвениот профил на Кобке стигнуваат секакви коментари за нивната врска. Таа едноставно им враќа дека „никогаш не била посреќна“.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

„Првиот лет ми беше во ноември 2013-та и тогаш се заљубив во авионите. Се возбудувам секогаш кога гледам фотографии и снимки од авиони… Во март 2014-та бев на аеродромот Берлин-Тегел и тогаш слета 737-800. Уште од тогаш сум заљубена во него“, раскажува Германката.

Според неа, немаат проблем ни со интимноста. „Интимноста е дел од нашата врска. Сакам да се омажам за својата љубов и да живеам со него во хангар. Тоа е посебен вид на љубов која никому не му штети“, истакнува Мишел.

Дали е сериозна или се шегува, не знаеме. Во случај да е првото, се работи за објектофилија – ceкcyaлен нагон кон неживи предмети. Кај ваквите луѓе е сосема вообичаено да чувствуваат силна привлечност, приврзаност и дури и љубов кон одредени предмети или структури (мост, на пример).

 

- Реклама -