Германија се пожали на „астрономски цени“ на гасот од „пријателските“ земји, првенствено од САД

Берлин, 5 октомври 2022 (МИА) – Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, денеска се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат германските „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.

„Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени“, посочи Хабек во интервју за дневен весник „Ноје оснабрикер цајтунг“.

Тој посочи дека „тоа е проблем“ и побара од Европската комисија да „разговара“ со тие држави.

По инвазијата врз Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија увезуваше 55 отсто од гасот од Русија.

За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

Германија, како и речиси цела Европа, се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти, годинава изнесува 45 отсто.

- Реклама -