Германија ќе даде зелено светло за датум за преговори

Германија ќе ја поддржи Македонија и ќе одобри да се даде датум за старт на проговрите за пристап во Европската Унија. Ова го соопшти вицепремиерот Бујар Османи по средбата со германскиот државен Министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот. Османи добил потврда од Рот дека Германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјата, и на седницата на Бундестагот која треба да се одржи идната недела ќе застане во одбрана на позициите на Владата за старт на преговорите со Македонија во октомври.

Од кабинетот на Османи соопштија дека на средбата тој му се заблагодарил на Рот за неговиот личен придонес во успехот на европските интеграции на Македонија и реферирал околу последните настани во државата како и за превземените активности на Владата за да се отстранат сите формални и неформални забелешки кои можат да претставуваат евентуална пречка за одлуката во октомври.

Одлуката дали Македонија ќе добие датум за преговори треба да биде донесена на состанокот на министри за надоврешни рабопти на ЕУ закажан за 15 октомври. Доколку бниде позитивна тогаш останува да се потврди на самитот на лидерите на Европската унија закажан за 17 октомври во Брисел.

Вицепремиерот Османи продолжува со турнејата во пресрет на октомвирскиот состанок на Советот на ЕУ, а следна дестинација е Полска каде во Варшава ќе има средби со полскиот министер за надворешни работи и државниот скеретар за европски прашања.

- Реклама -