Германија гасне три нуклеарни реактори

Берлин, 31 декември 2021 (МИА) – Од денеска во Германија ќе почне да се гасне половина од нуклеарниот капацитет, десет години по историската одлука на Ангела Меркел да се откаже од нуклеарна енергија. Исклучувањето на три од шесте реактори што сѐ уште се во функција доаѓа во време на европска енергетска криза влошена од неодамнешните геополитички тензии меѓу Русија, главен снабдувач на гас, и нејзините клиенти.

До крајот на 2022 година ќе престанат со работа реакторите во Брокдорф на север, Гронд во централниот дел и Гундремминген на југ. Нивниот вкупен капацитет е 4 гигават часови инсталирана моќност, што е еднакво на илјада ветроелектрани.

Во крајот на 2022 година на ред ќе дојдат преостанатите три централи – Некарвестхајм на југ, Исар 2 исто така на југ, и Емсланд на север, исто така со капацитет од околу 4 гигавати. По нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, поранешната канцеларка Ангела Меркел одлучи дека Германија постепено ќе се откаже од нуклеарната енергија.

Прочитајте и:  Берлин ја зголеми воената помош за Украина за 400 милиони евра и покрај лошата состојба на буџетот

И покрај напуштањето на нуклеарната енергија, која сочинуваше околу 11 отсто од вкупното производство во 2020 година, „сигурноста на снабдувањето во Германија ќе биде загарантирано“, нагласи во вторникот Роберт Хабек, министер за економија и за клима од редовите на Зелените.

Некои западни земји се сомневаат дека Москва ги намалува испораките за Европа за да изврши притисок врз растечките геополитички тензии поради руската воена акција на границата со Украина.

Новата германска влада неодамна ја предупреди Москва дека во случај на воена ескалација би можела да нареди „затворање“ на спорниот гасовод Северен поток 2.

- Реклама -