Германец 56 години возел без возачка

Германските власти фатиле возач кој рекордни 56 години возел по германските улици и патишта без да поседува дозвола за управување со моторно возило, соопштува германскиот дневен весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung. 

74-годишниот Германец е уапсен откако направил минорен сообраќаен прекршок во федералната провинција Северна Рајна-Вестфалија. При вообичаената проверка на евентуалните претходни престапи, полицајците со чудење утврдиле дека човеков никогаш не поседувал возачка дозвола. Истрагата е во тек.

- Реклама -