После одигрувањето на последниот натпревар од Премиер Лигата, познатиот играч кој сега е коментатор Гери Невил, имаше исклучително добри зборови за Арсенал и Венгер.
Според него, Арсенал пишува историја како да се менаџира клуб со минимум средства:
„Тие потрошија 9 милиони фунти НЕТО во рок од 10 години и константно се во Лигата на Шампионите, веќе 16 години по ред, изградија нов стадион со капацитет од 60.361, при крај се со отплаќањето на кредитете и долговите и ако продолжат да се движат во истата насока ќе ја испишат неверојатна менаџерска историја, која ќе биде пример за наредните генерации. Пола од нивните навивачи не се задоволни од прикажаното и очекуваат многу повеќе, но покрај целото лудило што се случува во денешниот фудбал, целиот долг кој се генерира, банкротирањето на повеќе фудбалски тимови (како Портсмунт), неверојатните пари кој се фрлаат за засилувања, тие апсолутно го прават вистинскиот потек. И покрај тоа што изгубија неколку ѕвезди во изминативе години и 9 милиони фунти НЕТО, доколку продолжат да ги исплаќаат долговите, тие ќе одат само нагоре. Мислам дека Венгер го знае тоа“.
Фергусон се пензионира и го напушти тронот во Премиер Лигата, Гери Невил очекува Арсенал да биде следниот тим кој ќе владее со Англискиот фудбал.