Герасимовски на „Телма“: Позитивно е на терен, ќе имаме гласови и од други партии

„Сликата од терен е позитивна, нашите гласачи во поголем број ќе излезат во вториот круг и ќе ни дадат поддршка. Во првиот круг сме победници, иако очекувавме поголема излезност и поголеми бројки. Сепак очекуваме и дополнителни гласови во вториот круг од останатите партии и кандидати кои веќе отпаднаа“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и коалицијата – Горан Герасимовски, во дебата на ТВ „Телма“.

Тој потенцираше дека во изминативе денови учествувал на неколку дебати со независните листи и други партии. На дебатите, рече, се размениле мислења, предлози и идеи кои биле компатибилни со неговата програма, поради што верува дека нивните гласови во вториот круг ќе се прелеат на негово конто.

Прочитајте и:  Герасимовски: Вандализмот да се казнува преку општествено корисна работа

Герасимовски подвлече дека за него е недозволиво еден кандидат и политичка партија да бегаат од дебати, посочувајќи ја дебатата организирана од независната листа „Шанса за Центар“ на која, како што рече, не учествувала кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ – Наташа Котлар, како ни избраните советници од оваа партија, а не учествувале ни советниците на партијата Левица.

„Во целиот изминат период кажувавме дека сме отворени, транспарентни и ќе дебатираме со сите чинители. Разочарувачки е да не учествуваат на дебати кои се во интерес на граѓаните“, заклучи кандидатот на СДСМ за Центар.

- Реклама -