Герапетритис: Секој мировен план за Блискиот Исток треба да вклучува осуда на тероризмот и ослободување на заложниците

Секој мировен план за Блискиот Исток треба да вклучува, прво, апсолутна осуда на сите форми на тероризам, второ, да го вклучува ослободувањето на заложниците и секако, трето, да постои одржлива перспектива,  порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

При пристигнувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ, шефот на грчката дипломатија истакна дека „безбедносната архитектура на регионот треба да биде под заштита на меѓународната заедница, а секое дополнително одложување во ваква критична фаза не може да биде опција“.

Додаде дека на состанокот треба да се разговара за три критични прашања: хуманитарниот аспект, спречување на ширење на конфликтот и перспективата за решение.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

– Постои значително влошување на хуманитарните услови. Грција поддржува отворање на повеќе хуманитарни коридори, за да може хуманитарната помош без проблеми да влезе во погодените области и да се обнови основната инфраструктура, истакна Герапетритис.

Министерот за надворешни работи на Грција паралелно, изрази сериозна загриженост за ситуацијата во Либан, Сирија, Ирак, како и во Црвеното море.

МИА

- Реклама -